Лукаку најави дека ќе замине од Евертон!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ромелу Лукаку дефинитивно заминува од Евертон.

Тој неодамна одлучи да одбие нов договор кој му го понуди Евертон и кажа дека има амбиција во иднина да освојува трофеи.

„Одлуката е веќе донесена, па не можам да зборувам за тоа. Нема ништо лошо во тоа да бидете амбициозни. Мора да го прифатите тоа и дека сте фудбалер. Сакам да освојувам трофеи и мислам дека луѓето не треба да го сфатат како ароганција. Направив многу досега, но имам уште за напредување.“

Лукаку е член на Евертон од 2014-та година. Оваа сезона одигра 28 натпревари во ПЛ и постигна 21 гол.