„Се надевам дека ќе играм уште во оваа сезона!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач, Жесус моментално оздравува од тешката повреда на стапалото кое ја доби во натпреварот против Борнмут на средината на минатиот месец.

Првите прогнози велеа дека тој нема да игра до крајот на сезоната. Тој имаше одличен старт откако во јануари дојде воо Сити и успеа да го исфрли Агуеро од првиот тим, но повредата го спречи да се докажува и понатаму.

„Не знам кога ќе се вратам. Докторите сеуште не можат да предвидат кога ќе биде тоа. Се надевам дека ќе одиграм уште некој натпревар до крајот на оваа сезона. Засега оздравувањето оди добро. Не е само до мене, туку и до докторите во Манчестер и сите останати.“

Тој одигра 4 натпревари и постигна 3 голови и 1 асистенција во ПЛ.