Сумата која Интер ја бара за Перишиќ не е нормална


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалот веќе одамна стана најдобар и најпрофитален бизнис на светот.

Доказ за тоа се секојдневните трансфери каде што и за играчи од просечен калибар се издвојуваат повеќмилионски износи.

Богатите клубови ширум Европа со години наназад не прашуваат за цена кога сакаат некој фудбалер и речиси секое лето се руши рекорд во трансфери.

Еден од клубовите коју ненормално троши на засилувања е Манчестер Јунајтед.

Црвените ѓаволи со доведувањето на  Пол Погба станаа рекордери по издвојување на пари за еден играч, а во ова лето повторно се спремаат за напад на неколку фудбалери.

Меѓу играчите кои може да дојдат на Олд Трафорд е хрватскиот офанзивец Иван Перишиќ.

Фудбалерот на Интер е голема желба на Жозе Мурињо, а за 28-годишниот Перишиќ тимот од Театарот на соништата е спремен да издвои околу 40 милиони евра.

Меѓутоа, италијанскиот тим бара многу повеќе пари.

Тие за својот најдобар играч се спремни да го пуштат за сума од 60 милиони евра и дури кога некој ќе ја понуди таа сума, Перишиќ може да замине.

Јунајтед тие пари ги има. Сепак, дали се спремни да одат така далеку и да понудат толку пари за хрвартскиот фудбалер ќе видиме за неколку месеци, но не треба да чуди ако до трансфер и дојде.

Перишиќ од доаѓањето од Волфсбург е еден од главните играчи на Нероаѕурите, а во кариерата овој фудбалер играше уште за Борусија и Клуб Бриж.