Атлетико во проблеми, напаѓачот ќе ја прифати богатата понуда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро би можел да го напушти овој клуб после само една помината сезона.

Според шпанските медиуми, Гамеиро има богата понуда од Кина од неименуван клуб и сериозно размислува за да ја прифати.

Тоа би можел да биде голем проблем за Атлетико кој уште не знае дали ќе смее да регистрира нови фудбалери ова лето. Одговор се чека од ФИФА.

Гамеиро стигна во Атлетико Мадрид минатото лето од Севиља за 32 милиони евра и оваа сезона има постигнато 14 погодоци.