Суперлига – МЗТ Скопје го декласира Работнички


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје го победија Работнички во натпревар од третото коло во Суперлигата, 87:68.

Аеродромци направија серија од осум поени за прво поголемо водство на натпреварот, 14:8. Темс и Катниќ зголемија на плус осум, 18:10. До крајот на првата четвртина Мисановиќ и Тасовски погодија за 18:14 после десет минути игра.

На почетокот на втората четвртина МЗТ стигна до водство од седум поени, 24:17. Со погодените две тројки на Тасовски, Работнички го презеде водството, 30:31. Мисановиќ потоа погоди за плус четири, 31:35. Teмс, Лалиќ и Мијатовиќ погодија до крајот на првото полувреме за минимално водство на МЗТ, 36:35.

МЗТ преку Клоф и Темс стигна до водство од пет поени, 42:37. Мираковски и Тасовски го израмнија резултатот, 42:42. Домашните пред крајот на третата четвртина направија серија од девет поени за прво двоцифрено водство на натпреварот, 63:50.

Лалиќ и Дреновац на почетокот на последниот дел од натпреварот постигнаа седум поени во низа, 70:50. МЗТ до крајот на натпреварот го задржа големото водство и победи со 87:68.

Дреновац со 17 поени го предводеше МЗТ Скопје. Темс додаде 13, Клоф 12, а Лалиќ 11 поени. Кај Работнички најмногу се истакна Тасовски со 25 поени. Мираковски постигна 17, а Мисановиќ 14 поени.