Мурињо ја откри причината за доаѓањето во Загреб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо претстојуваше вчера во Загреб.

Медиумите во Хрватска објавија дека Мурињо дојде поради Иван Перишиќ, но Португалецот брзо откри дека ниту еден играч не е причина за неговата посета во Хрватска.

„Овде дојдов да уживам во слободните денови, да посетам некои добри пријатели како Мијатовиќ или Шукер. Знам дека сите мислите дека причината за моето доаѓање во Загреб е некој играч, но вие денеска не морате да патувате со цел да видите некој играч. Впрочем, сите од порано ги познавам“, откри Мурињо.

„Дојдов како неко јшто сака да ужива во убавото време, а не во дождливото какво што е во Манчестер“, истакна Португалецот.