Босна со петарда за Гибралтар, Шведска убедлива, Дрмиќ влезе и ја реши Латвија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од петото коло во квалификациите за СП 2018-та година се одиграа уште пет натпревари.

Босна и Херцеговина лесно го победи Гибралтар со 5:0.

Ибишевиќ во првото полувреме постигна два погодоци, а Врсајевиќ, Виска и Бичакчиќ ја потврдија победата на босанците во второто полувреме.

После денешната победа Босна ќе се искачи на втората позиција и ќе има исто бодови со третолпасираната Грција која го нема одиграно натпреварот од петото коло.

 

Шведска со четири парчиња ја наполни Белорусија, 4:0.

Форсберг од пенал му донесе водство на Шведска. Во второто полувреме Форсберг го постигна вториот негов погодок на натпреварот, а Берг и резервата Телин ги поставија конечните 4:0.

Швеѓаните ќе се искачат на првата позиција со три бода повеќе од Франција и Холандија кои го немаат одиграно натпреварот од петото коло.

 

Швајцарија минимално ја совлада Латвија, 1:0.

Стрелец на победничкиот погодок за швајцарците беше Дрмиќ една минута по влегувањето на терен во второто полувреме.

Репрезентацијата на Швајцарија ќе остане лидер со 15 бода во групата Б.

 

На натпреварите Андора – Фарски Острови и Кипар – Естонија не беа постигнати погодоци. Андора ќе остане последна, а Фарски Острови четврти. Кипар и Естонија после поделбата на бодовите ќе останат на четвртата односно петата позиција.