Плеј-аут – Вардар убедливо го победи Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Вардар го убедливо го совладаа Охрид во плеј-аут натпреварот, 65:77.

Вардарци постигнаа четири поени во низа за 4:8. Салев, Митев и Адекундле зголемија на плус седум, 7:14. Лефкоски и Адекунле му го донесоа првото двоцифрено водство на Вардар, 9:19. После првата четвртина Вардар имаше водство од 12 поени, 11:23.

Михајловски и Брукс на почетокот на втората четвртина намалија на девет поени негатива, 16:25. Охриѓани потоа намалија на пет поени негатива, 25:30. Милојевиќ и Брукс погодија за шест поени негатива после првото полувреме, 31:37.

Лефкоски и Калов го вратија двоцифреното водство на Вардар, 33:44. Вардар преку Лефкоски и Калов зголемија на плус 14, 35:49. Зекири и Лефкоски постигнаа пет поени во низа, 42:56. Серафимов и Адекунле погодија две тројки во низа, 45:64. Во последните десет минути од натпреварот Вардар влезе со предност од 15 поени, 49:64.

До крајот на натпреварот кошаркарите на Вардар го задржаа големото водство и победија со 65:77. Лефкоски го предводеше Вардар со 14 поени. Адекунле додаде 13, Калов 12, а Зекири 10 поени. Брукс најмногу се истакна кај Охрид со 23 поени. Михајловски постигна 10 поени.