Арсенал доведува замена за Озил од Барса?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот за врска кој не е во прв план кај Луис Енрике може на лето да стигне во северен Лондон, пренесуваат островските медиуми.

Ако Арсен Венгер остане менаџер на Топџиите ќе проба да го доведе Арда Туран.

Се шушка дека Професорот ќе понуди на Барса 25 милиони фунти за трансфер на турскиот репрезентативец.

Се е извесно дека Месут Озил нема да остане на Емирати и Туран е виден како негова замена, иако не е баш ист профил на играч.

Арда не успеа во Барселона да се избори за статус на стандарден првотимец, а во Арсенал веруваат дека 30-годишниот Турчин може неколку сезони да биде на ниво како кога играше за Атлетико Мадрид.