Проблеми со невреме во Доха – Вињалес на дебито од пол позиција, Маркез трет, Роси десети


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради дожд во Доха беа откажани сите тренинзи и квалификации што беа закажани за сабота. Постои можност квалификациите да бидат одржани во недела, за стартниот поредок ќе се смета комбинација од резултатите од слободните тренинзи.

Иако дождот се закануваше во претходните денови, сите слободни тренинзи во четврток и петок се возени на сув коловоз. Затоа што во петокот дојде до невреме во Доха, а дождот продолжи во сабота, сменет е распоредот за сабота.

До оваа година, не постоешеможност да се вози по дожд на „Лосаил“ патеката, но по инспецијата минатиот месец беше одлучено дека би можело да се вози. Меѓутоа, тоа доби отпор од возачите, па поради појава на дожд беше одлученода има дополнителен тренинг пред сите квалификации

Немаше ниту тренинг, ниту квалификации, па сега стратните позиции се одредени според претходните тренинзи.

Во кралската класа на пол позиција е Вињалес, пред Јаноне и Маркез.

Во кралската класа трката би требало да започне утре во 20 часот.