Роналдо со два фантастични погодоци ја уништи Унгарија, Бугарија приреди сензација, Франција подобра од Луксембург


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се одиграа уште четири натпревари од петото коло од квалификациите за СП 2018-та година.

Белгија и Грција ремизираа, 1:1.

Митроглу го постигна погодокот за водство на Грција. Лукаку го израмни резултатот и му донесе бод на Белгија. Грција натпреварот го заврши со девет фудбалери бидејќи црвени картони добија Тачидис и Тзавелас.

Белгија ќе остане на лидерската позиција, а Грција ќе се искачи на втората позиција.

 

 

Бугарија на домашен терен направи сензација со тоа што ја победи Холандија, 2:0.

Делев ги постигна двата погодоци за победа на Бугарија во првото полувреме.

Бугарите ќе се искачат на третата позиција со еден бод помалку од второпласираната Шведска.

 

Франција на гости го победи Луксембург, 1:3.

Жиру во 28-ма минута погоди за водство на Франција. Шест минути подоцна Јоаким од пенал го израмни резултатот. Во 37-ма минута Антоан Гризман од белата точка го врати водството на Франција.

Жиру во второто полувреме го постигна својот втор негов погодок на натпреварот и ги постави конечните 1:3.

Французите ќе се искачат на лидерската позиција после денешната победа.

 

Португалија ја совлада на домашен терен репрезентацијата на Унгарија, 3:0.

Во период од четири минути Силва и Кристијано Роналдо постигнаа по еден погодок. Роналдо во второто полувреме го постигна својот втор погодок на натпреварот за конечни 3:0.

Репрезентацијата на Португалија ќе остани на втората позиција со три бода помалку од лидерот Унгарија.

Кристијано Роналдо со денешните два погодоци влезе во топ 3 листата на стрелци на најдобрите европски голгетери за своите репрезентации. Пред него уште се Мирослав Клосе со 71 погодок и Ференц Пушкаш со 84 погодоци.