„Како да се натпреваруваме со Јувентус кога вложија 150 милиони…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Един Џеко зборуваше за шансите на Рома кога се работи за титулата шампион на Италија.

Един Џеко во оваа сезина е одличен во дресот на Рома, ја врати самодовербата која му беше разнишана, но изгледа дека ни тој во најдобра форма не е доволен за Рома да ја освои титулата.

„Не сум изненададен со својата форма, знам колку на себе вложив за да бидам ваков.

Што се однесува до Рома, оваа сезона не е готова. Негативно е што испаднавме од ЛЕ, бидејќи планиравме да одиме до самиот крај.

Во првенството е многу тешко да се биде конкурент на Јувентус за титулата бидејќи вложија 150 милиони евра во засилувања. Се надевам дека можеме да се вратиме во ЛШ“, рече Един Џеко.