„Подобро е да остане Венгер отколку Санчез и Озил“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешната изјава на поранешниот играч на Топџиите има многу силен одек на островот.

Навивачите на Арсенал стравуваат што Месут Озил и Алексис Санчез одолговлекуваат со потпишувањето на нов договор, неизвесно е дали двајцата најдобри играчи ќе останат на Емирати.

И статусот на менаџерот Арсен Венгер е неизвесен, и тој има понуда за продолжување на соработката на масата, поставен му е и рок па мора да се изјасни.

Евентуалното заминување на Венгер од кормилото повлекува со себе и заминување на некои играчи, пример Ектор Бељерин порача дека неговото останување исклучиво е поврзано со останување на Професорот.

Роберт Пирес во интервју за Скај изрази надеж дека ќе останат и Санчез и Оил и Венгер, но дека кога би било “или или“, смета дека за Арсенал  би било подобро да остане францускиот стручнак.

„За Арсенал најважна работа е Венгер да прифати да потпише нов договор. Јас во него верувам. Не велам дека е тој идеален, но е одличен тренер. Зборувам од лично искуство, шест години соработувавме“, рече Пирес.