Играч на Севиља сака да игра во Барселона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалер на Севиља не крие дека сон на секој играч е да заигра во Барселона.

Репрезентативецот на Шпанија Витоло проговори за шпекулациите кои се поврзуваат со премин во Барселона.

Витоло кај Хулен Лопотеги стана стандарден репрезентативец и под негово водство игра одлично во репрезентацијата на Шпанија, а покрај тоа блеска и во тимот на Хорхе Сампаоли.

„Точно е дека има многу шпекулации, а дека никој од тие што пишуваат не знаат што ќе се случи. Среќен сум во Севиља и го сакам овој клуб. Дали би сакал да заиграм во Барселона? Реков повеќе пати дека Барселона е најдобар тим во Европа и дека сон на секој играч е да заигра во таков клуб. Опуштен сум тука каде што сум, па ќе видиме што ќе биде“, рече Витоло.

Има 28 години, а во Севиља стигна во 2013 година од Лас Палмас во кој потекна и играше пет години како првотимец.

Да потсетиме, Барселона во претходните години многу умешно купување во Севиља бидејќи на Ноу Камп стигнаа – Дани Алвеш, Сејду Кеита, Адријано, Иван Ракитиќ, Алеиш Видал…