Италијанецот бира – Интер или Рома?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Торино оваа сезона го привлече вниманието, најверојатно на лето ќе го промени клубот.

Давиде Запакоста ги полуде многумина на чизмата, го сакаат големите клубови поради одличните настапи оваа сезона во Серија А.

Торино овој десен бек кој е продукт на Аталанта сака да го задржи, но прашање е колку е тоа можно покрај добрите понуди од финансиските помоќни клубови.

Според последните информации во италијанските медиуми, него го бараат Интер и Рома.

Торино има договор со него до 2019-та година и неговата цена е околу 15 милиони евра.