Бензема го посоветува чудото од Монако


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид има добар совет за еден од најталентираните фудбалери во светот во овој момент.

Килијан Мбапе ја полуде Европа.

Момчето кое има 18 години е на мета на многу гиганти и би можел да го напушти Монако за рекордна сума на пари.

Сепак, старите колеги го советуваат дека тоа не чини.

„Фудбалот е многу тежок, посебно во големите клубови. Јас стигнав во Мадрид на 21 година. Направив многу работи во животот, но добив шамар кога стигнав од Лион. Мојата прва година беше многу тешка, далеку сте од фамилијата, ништо не е исто. Најдобро за него е да оди чекор по чекор, да не брза“, изјави Бензема.