Вашингтон го победи шампионот, Сан Антонио беше подобар од Њу Јорк!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА беа одиграни 5 натпревари.

Вашингтон успеа да го победи Кливленд со 127:115. Вол и неговите соиграчи повторно беа одлични. Токму тој постигна 37 поени и 11 асистенции. Бил имаше 27 поени и 6 асистенции. Кај Кливленд најдобар беше Џејмс со 24 поени и 11 скокови.

Сан Антонио победи на домашен терен против Њу Јорк со 106:98, а до победа ги однесе Леонард кој постигна 29 поени. На висина на задачаата беа Алдриџ и Гасол кои имаа по 19 поени.

Кошаркарите на Торонто победија на гостувањето кај Далас со 94:86. Најдобар во тимот беше Ибака со 18 поени, а кај домаќините најдобар беше Барнс со 23 поени.

Останати резултати:

Клиперс – Јута 108:95
Портланд – Минесота 112:100