„Би сакал да отидам во Америка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот играч, Тони Крос и ова лето сигурно ќе биде мета на многу европски гиганти.

Сепак, скоро сигурно е дека фудбалерот на Реал Мадрид повторно ќе добие богати понуди од Кина и САД како што беше случај со претходните 2 преодни рока.

Германецот изјави дека има желба да замине во Америка, но не како фудбалер.

„Би сакал да патувам со семејството. Но, не како фудбалер, тоа не ме интересира. Не е важно дали станува збор за Кина или Америка, не сакам таму да играм.“

По се изгледа дека тој е само еден од ретките кој може да одолее на понудите од Кина и Америка.

Тој сигурно уште неколку години ќе игра на најголемата фудбалска сцена.