„Почеток на сезоната од соништата!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако не му даваа големи шанси пред првата трка во сезоната, Фетел успеа да победи во Мелбурн и така да навести подобри денови за тимот на Ферари.

Германецот стигна до 43-та победа во кариерата, а победи пред возачот на Мерцедес, Хамилтон и неговиот колега Ботас.

„Ова беше неверојатно. Одлична трка, луѓето излегоа на патеката со знамиња на Ферари. Почетокот на сезоната е како од соништата.“

„Уште е долг патот пред нас, но ние сме сега на 7-мо небо. Ќе уживаме. Сепак, постојат работи со кои не сум баш задоволен. Стартот не беше баш најдобар. Добри се новите болиди, можеш да ги користиш до максимум.“