„Поразот од Барселона за мене беше болен!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот играч на Италија, Андреа Пирло за медиумите изјави дека верува дека Јувентус може оваа година да ја освои ЛШ.

Тој го напушти Јувентус во 2015-та година, а последен натпревар му беше финалето во ЛШ против Барселона кога шпанците победија со 3:1.

„Јувентус може да ја освои ЛШ. Тие се на високо ниво како и сите останати гиганти, а можеби и едно ниво над сите нив. Барселона има одличен тим, посебно играчи во нападот, но ако Јувентус ја игра својата игра, тогаш ќе стигнат до победа.“

Овој искусен играч на Њу Јорк Сити зборуваше за финалето во 2015-та година.

„Секогаш е лошо кога ќе изгубите во финале, а за Јувентус е уште полошо затоа што помина многу време од последната титула во Европа. Ова беше болно за мене затоа што на совршен начин можев да се простам со нив.“