Караница во Чиле, а причината е Санчез!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Атмосферата во редовите на Чиле е нарушена, а главната причина е ѕвездата на Арсенал.

Санчез до март имаше многу добра сезона, а потоа Арсенал започна да тоне, а со нив потона и Чилеанецот.

Тешко дека ќе потпиша нов договор, па ова лето најверојатно ќе замине од тимот.

Своето лошо расположение од Лондон, Алексис го пренесе и во репрезентацијата.

Тој делуваше многу лошо во натпреварот против Аргентина.

По поразот, тој веднаш замина во соблекувалната, за разлика од своите соиграчи кои останаа на теренот да ги поздрават своите навивачи.

Тој негов потег беше критикуван од цел свет, а соиграчите го убедуваа да остане на теренот со нив и да ги поздрави навивачите, но тој не сакаше.

На теренот излезе и Видал, кој поради суспензија не можеше да игра.

Како и да е, оваа сезона е најверојатно најтешка во кариерата на поранешниот играч на Удинезе и Барселона, па ќе видиме што ќе се случува ова лето.