Пенезиќ со погодок во последната секунда го реши Будуќност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарките на Вардар го победија Будуќност на турнирот во Копривница во натпревар од ВРХЛ лигата, 28:27.

Во првото полувреме Вардарки играа добро во одбраната, па на полувреме имаа водство од четири погодоци, 15:11. Поради малиот ростер, Вардарки паднаа во второто полувреме, но заблагодарувајќи на Андреа Пенезиќ која погоди во последната секунда стигнаа до победа, 28:27.

Андреа Пенезиќ го предводеше Вардар со 11 погодоци. Барбара Лазовиќ постигна 5, Камила Херем и Тамара Мавсар по 3, Јованка Радичевиќ и Сања Дамњановиќ по 2, а Амандин Лејно и Mарија Петровиќ по 1 погодок. Кај Будуќност најмногу се истакна Неагу со 10 погодоци.