Пред една година вредеше четврт милион, а денес преку 500 пати повеќе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Монако блеска оваа сезона, а како што стојат работите овој клуб ќе прави пепел на фудбалските полиња.

Од доаѓањето на Димитри Риболовљев, Монако процвета. Прво беа главни потрошувачи на пазарот, доведуваа се што чини, а после неколку сезони почнаа да продаваат фудбалери и да доведуваат млади фудбалери.

Многу мислеа дека Монако нема да се задржи на врвот на францускиот фудбал, но се случи спротивното.

Го продадоа Родригез на Реал за огромни пари, а од позајмицата на Фалкао во Манчестер добро профитираа.

За тоа време го пуштија Жардим да ја работи својата работа и денес го имаат еден од најдобрите тимови во Европа.

Најнова ѕвезда на Монако стана Килијан Мбапе, суперталентираниот фудбалер кој многу клубови го гледаат во својот тим.

Мбапе дебитираше и во репрезентацијата на Франција, има само 18 години, а изгледа раководството на тимот нема намера наскоро да го продаде.

Наводно поставиле цена за својот напаѓач, а таа е 130 милиони евра. Пред само една година Мбапе вредеше 250 илјади евра.