Германија лесно со Азербејџан, Англија подобра од Литванија, Чешка очекувано го декласира Сан Марино


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одиграа уште четири натпревари од петото коло во квалификациите за СП 2018-та година.

Германија на гости ја победи репрезентацијата на Азербејџан со 1:4.

Шурле и донесе водство на Германија. После половина час игра Назаров го израмни резултатот. Пет минути подоцна Милер го врати водството на Германија, а Гомез пред крајот на првото полувреме го постигна третиот погодок во мрежата на Азербејџан. Шурле го постигна својот втор погодок на натпреварот во второто полувреме и ги постави конечните 1:4.

Германија ќе остане на лидерската позиција со осум бода повеќе од второпласираната Чешка.

 

Англија на домашен терен ја победи Литванија, 2:0.

Дефо во првото полувреме му донесе водство на Англија. Резервата Варди ги постави конечните 2:0.

Англичаните ќе останат на првата позиција со пет бода повеќе од второпласираната Словенија која го нема одиграно натпреварот од петото коло.

 

Чешка очекувано го победи убедливо Сан Марино, 0:6.

Барак и Дарида во период од две минути постигнаа по еден погодок во мрежата на Сан Марино. Барак потоа го постигна и вториот негов погодок на натпреварот, а Гебре Селасие четвртиот во мрежата на Сан Марино. Крменчик пред крајот на првото полувреме го натера голманот на Сан Марино по пети пат да ја вади топката од мрежата. Дарида од пенал во второто полувреме го постигна својот втор погодок на натпреварот за конечни 0:6.

Чешка ќе се искачи на втората позиција со еден бод помалку од Северна Ирска која го нема одиграно натпреварот од петото коло.

 

Ерменија на домашен терен го победи Казахстан, 2:0.

Во период од две минути ерменците го решија победникот на натпреварот. Миктаријан и Озбилиз му донесоа победа на ерменската репрезентација.

Ерменците ќе се искачат на четвртата позиција и ќе имаат еден бод повеќе од Романија која го нема одиграно натпреварот од петото коло.