Легендарни напаѓачи кои не успеа да го направат тоа што успеа Рамос


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Серхио Рамос ќе остане запаметен по тоа што постигнуваше голови тогаш кога беше најважно, во последните минути од натпреварите.

Рамос за Реал Мадрид во претходните неколку години постигна едни од најважните голови во последните секунди од натпреварите.

Овој одбранбен играч е еден од ретките стопери кој може да се пофали дека е често на листата на стрелци.

Дури Рамос надмина некои фудбалски легенди што се однесува до головите во националниот дрес.

  1. Мартин Палермо

Можеби и „најмалата“ ѕвезда на оваа листа, но во Аргентина е еден од најлегендарните играчи. Палермо никогаш не доби вистинска шанса во дресот на Аргентина. Поранешниот напаѓач на Бока одигра 15 натпревари за Аргентина и постигна 9 голови.

  1. Роби Фаулер

Тој е легендарен напаѓач на Англија кој остави најдлабока трага во дресот на Ливерпул. Тој одигра само 27 натпревари и постигна 7 голови.

  1. Џовани Елбер

Легендарниот бразилски играч е познат по своите голгетерски сезони во Баерн. Сепак, неговата несреќа што се однесува до репрезентацијата е тоа што играше Роналдо. Тој на 15 натпревари постигна 7 голови.

  1. Рој Макај

Легендарниот напаѓач блескаше во дресот на Баерн, но и екипата на Депортиво Ла Коруња. Во 2003 година ја освои „Златната копачка“, но во Холандија не се прослави. Одигра 43 натпревари и постигна 6 голови.

  1. Франческо Тоти

Кралот на Рим ќе остане вечно запаметен по своите неверојатни натпревари во Рома. Сепак во репрезентацијата тој беше поскромен. За Италија одигра 58 натпревари и постигна 9 голови.