Вилшер сака во италијанскиот гигант


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот за врска на Арсенал кој моментално е на позајмица во Борнмут, Џек Вилшер би требало да го промени тимот после оваа сезона.

Иако тренерот на Борнмут, Еди Хов сака Вилшер да остане во Борнмут и следната сезона, англиските медиуми пренесуваат дека овој фудбалер има други клубови.

После долго време за неговите услуги е заинтересиран Милан, а медиумите на островот пренесуваат дека овој клуб е голема желба на Вилшер.

Вилшер има уште една година договор со Арсенал и сигурно ќе ги напушти топџиите после враќањето од позајмица.