Џанлуиџи Буфон е престар за МЛС?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Андреа Пирло зборуваше за поранешниот соиграч и голем пријател.

Џанлуиџи Буфон во петокот по 1000 пат бранеше во својата кариера на еден официјален натпревар.

Неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата и Јувентус, Андреа Пирло кој моментално игра за Њујорк Сити мисли дека Буфон е најдобар голман во историјата.

„Дефинитивно, Буфон е најдобар голман во историјата. Се познаваме од 15-та година кога бевме репрезентативци во младите категории, а и денес често контактираме. Што ако ми се придружи во Њујорк? Мислам дека малку е престар за преселување иако и понатаму е во фантастична форма“, изјави Пирло.

Буфон откри дека после мундијалот во 2018-та година во Русија ќе се пензионира.