„Најмногу ми штетат споредбите со Меси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Делуфеу игра одлично во дресот на Милан откако дојде таму на позајмица од Евертон.

Тој во првите неколку натпревари покажа дека ќе биде големо засилување за Милан до крајот на оваа сезона.

Овој 23-годишен фудбалер за медиумите изјави дека моментално мисли само за Милан и дека не треба многу да се посветува внимание на шпекулациите.

„Споредбите со Меси ми штетат затоа што навивачите очекуваат да бидете подобри, а сите знаеме дека само Меси е најдобар во светот. Не читам повеќе шпекулации и фокусиран сум само на Милан.“

„Мој идол е Роналдињо. Тој секогаш беше некој на кој му се восхитував. Се сеќавам дека со нетрпение го очекувавме да заигра во дресот на Барселона.“