Голем јубилеј за Надал!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


7-от играч на АТП листата, Надал моментално настапува за Мајами Опен, турнир на кој никогаш нема победено.

По сигурната победа против Села, тој ќе игра против Колшрајбер. Тоа за него ќе биде јубилеен 1000-ти натпревар на АТП турнејата.

„Кога ќе дојдеш до таа бројка, тоа значи дека веќе долго време си тука и си имал долга кариера. Среќен сум и мотивиран да продолжам да напредувам.“

„Не размислувам за повлекување и не се грижам за таквите шпекулации.“

„Истото важи и за Федерер. Има лоши и добри сезони и не може да биде совршено се во текот на 15 години. И Федерер и јас ќе играме додека сме среќни и додека ни е задоволство да патуваме и да бидеме на турнирите.“

Повеќе одиграни натпревари од него имаат само Конорс 1535, Федерер 1339, Лендл 1310, Виљас 1215, Агаси 1144, Настасе 1085, Мекинро 1075, Едберг 1071, Ферер 1033 и Готфрид 1004.

Надал во кариерата има 821 победа и 178 порази. Освои 69 титули, од тоа 14 на големите турнири. Оваа сезона имаше 19 натпревари и 15 победи.

Досега 4 пати играше во финалето на Мастерсот во Мајами, но секој пат беше поразен.