„Спалети никогаш не ми се допаѓаше!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Спалети сеуште нема одлучено дали ќе биде тренер на Рома и наредната сезона.

Спалети во Рома стигна на почетокот на минатата година, а моментално има договор до крајот на сезоната.

Поранешниот тренер, Карло Мацоне изјави дека се надева дека Спалети ќе замине од Рома.

„Спалети треба да се спушти на земја и да почне да размислува. Никогаш не ми се допаѓаше. Неговите одлуки беа секогаш лоши, а однесувањето да не зборувам. Некогаш не разбирав зошто така се однесува.“

„Тој со Тоти постави неколку рекорди, а потоа го стави да ја грее клупата. Сакаше да биде шеф и за се да го прашуваат него. Кон Тоти не може така да се однесува.“

Мацоне минатата недела го прослави својот 80-ти роденден.