Пишчек јунак на Полска, Словачка, Северна Ирска и Шкотска запишаа нови победи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одиграа и последните пет натпревари од петото коло во квалификациите за СП 2018-та година.

Полска ја победи на гости Црна Гора, 1:2.

Левандовски му донесе водство на полјаците, а Мугоса го израмни резултатот. Пишчек му донесе победа на Полска осум минути пред крајот на натпреварот, 1:2.

Полска ќе остане лидер и ќе има пет бода повеќе од второпласираната Црна Гора и третопласираната Данска.

 

Словачка на гости ја победи Малта, 1:3.

После две минути игра Вајс погоди за водство на Словачка. Неколку минути подоцна Фаруџа го израмни резултатот. Пред крајот на првото полувреме Грегуш го врати водството на словаците. Немец ги постави конечните 1:3 во второто полувреме.

Словачка ќе се искачи на втората позиција со четири бода помалку од лидерот Англија.

 

Северна Ирска на домашен терен беше подобра од Норвешка, 2:1.

Вард и Вашингтон во првото полувреме и ја донесоа победата на Северна Ирска.

Репрезентацијата на Северна Ирска ќе се искачи на втората позиција со пет бода помалку од лидерот Германија.

 

Шкотска минимално ја победи Словенија на домашен терен, 1:0.

Резервата Мартин им ги донесе сите три бода на шкотската репрезентација.

После денешната победа, Шкотска ќе се искачи на четвртата позиција и ќе има еден бод помалку од Словенија која е третопласираната, а два бода помалку од Словачка која се наоѓа на втората позиција.

 

На натпреварот Романија – Данска не беа постигнати погодоци. Данците ќе останат трети, а романците со овој бод ќе се искачат на третата позиција.