Гвардиола најде лев бек и тој чини неверојатни 50 милиони фунти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити наводно е спремен да му плати на Тотенхем 50 милиони фунти за Дени Роуз.

Тренерот на граѓаните, Пеп Гвардиола сака да направи голема реконструкција на тимот на лето, а посебно ќе се насочи кон бековите, па најверојатно Коларов, Клиши и Сања ќе мораат да си заминат.

На позицијата лев бек Гвардиола го сака Роуз, 26-годишниот репрезентативец на Англија кој игра во Тотенхем.

Сити е одлучен да плати 50 милиони фунти за Роуз, а Гвардиола имаше шанса повеќе пати да се запознае со квалитетите на Роуз кој исто така е посакуван од Манчестер Јунајтед.

Роуз во Тотенхем стигна во 2007-ма година од Лидс.