Кој го сака, нека повели – Монако ја одреди неверојатната цена за Мбапе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот напаѓач на Монако, Килијан Мбапе најверојатно ќе биде најбаран играч ова лето во Европа.

Тој оваа сезона игра неверојатно добро, иако има само 18 години. За неговите услуги се заинтересирани гиганти како Јунајтед, Барселона и Реал Мадрид.

Француските медиуми пренесуваат дека Монако ја одредил цената за својот највреден фудбалер, а таа изнесува 130 милиони евра.

Секако, доколку тоа навистина некој го плати, тогаш Мбапе ќе стане најскап фудбалер во историјата.

Тој оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања и постигна 19 голови.