Мајами Опен – Кербер преку Роџерс стигна до 1/8-финале!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германската тенисерка Анџелика Кербер се пласираше во 1/8-финале на Мастерсот во Мајами по победата против Шелби Роџерс со 2:0 во сетови.

Првата тенисерка во светот не го отвори добро натпреварот затоа што го изгуби својот сервис и губеше со 2:0, но потоа успеа да направи пресврт и да го освои првиот сет со 6:4.

Вториот сет донесе поголема неизвесност и повеќе брејкови. Два направи Американката, а 3 направи Кербер и победи со 7:5.

Освен неа, понатаму поминаа Конта, Озаки и Кузњецова.

Кербер во 1/8-финале ќе игра против Озаки.