„Тешко е да играте против тим кој се брани 90 минути!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англија успеа да ја победи Литванија со 2:0 во рамки на квалификациите за СП.

Сепак, Герет Саутгејт не беше премногу задоволен со резултатот и покрај тоа што неговиот тим без поголеми проблеми стигна до победата.

Тој смета дека неговите фудбалери требаше да играат побрзо.

„Мислам дека денес само еден тим дојде за да победи и секогаш е тешко кога морате да играте против тим кој се брани 90 минути. Топката одеше многу бавно во нашите напади и поради тоа не им создадовме големи проблеми.“

„Имаме поединци кои играат подобро отколку што играа денес.“

Да потсетиме, стрелци за Англија беа Дефо и Варди.