Мајами Опен – Надал со пресврт стигна до 1/8-финале!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се пласираше во 1/8-финале на Мастерсот во Мајами.

Надал го победи Колшрајбер со 2:1 во сетови, односно 0:6, 6:2 и 6:3.

Германецот доминираше во првиот сет и Надал не освои ниту еден гејм, но на почетокот на вториот сет Надал се разбуди и го заврши со 6:2.

Во третиот сет, надал направи брејк во вториот гејм и до крајот на натпреварот освојуваше гејмови на свој сервис и стигна до 6:3.

Овој натпревар на Надал беше јубилеен 1000-ти на АТП турнејата.

Во 1/8-финале ќе игра против Мају кој претходно го победи Пела со 6:4 и 6:3.

Пласман во 1/8-финале обезбедија и Јанг кој го победи Паире со 2:0 додека Фоњини победи со 2:1 против Жарди.