„Можеше и подобро!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Кими Раиконен не е задоволен со 4-то место на стартот на новата сезона во Ф1. Тој остана без подиум на ГН во Австралија.

„За тимот е одличен старт со победа на трка. Од моја страна, не е идеално, но имаме добри темели и имаме добар пакет.“

Раиконен се пожали на квалитетот на гумите, кои ги користеше и во квалификациите, па мораше да тргне со нив и во трката.

„Овде е се околу квалификациите и стартот. Тешко може да преминете некого на оваа патека. Се мачев со гумите повеќе отколку во квалификациите. Кога преминав на меки гуми, се беше подобро.“

Следната трка се вози на 9-ти април во Шангај, за ГН на Кина.