„Среќен сум затоа што цело време го гледав Маверик“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тешката претсезона, не така добрите тренинзи во Катар и 10-та стартна позиција.. Никаков проблем не беше тоа за Роси кој на крајот стигна до подиумот.

Роси првата трка ја заврши на 3-то место, зад Вињалес и Довициозо и беше многу задоволен со тоа што го направи на првата трка во Катар.

„Да требаше да се обложам на себе дека ќе стигнам до подиумот, немаше да го направам тоа. Можеби ќе ставев 10 евра. Но никогаш не се откажувам и го дадов својот максимум денес. Пробавме три или 4 различни комбинации на загревање и беше лошо.“

„На крајот испадна добро. Се надевам дека собравме добро податоци во текот на трката за да ги поправиме некои детали. Среќен сум што цела трка го гледав Маверик пред себе, тоа не се случуваше на тестирањата.“