„Никогаш не бев толку емотивен!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крафт го освои Кристалниот глобус за најдобар ски скокач во светскиот куп за оваа сезона.

Титулата на феноменалната сезона Крафт ја освои на Планица и на подиумот беше многу емотивен.

„Можноста денес три пати да стојам на нависокото скалило на подиумот и три пати да ја слушам химната ми влезе под кожа. Никогаш не сум бил емотивен како денес, никогаш не сум плачел. Плачам како да ме боли нешто. Тоа што се случи денес, предизвика созли кај мене.“

Тренерот на Крафт е презадоволен со сезоната во која неговиот скијач имал голем притисок, но тој исчезнал пред крајот.

„Ова беше фантастична сезона и да се заврши на ваков начин е голема чест. Притисокот го отфрли со победа во петокот. Тогаш можевме да забележиме дека тој човек може да лета.“