Аларм во Барселона, Мурињо има пеколен план од 300 милиони за растурање на триото МСН!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жозе Мурињо започна сериозна операција од 300 милиони евра.

Според медиумите, Јунајтед тргна во сериозен напад на Нејмар.

Мурињо лично го контактирал овој фудбалер и смислил приказна со која сака да го убеди Нејмар да дојде во Манчестер за да се согласи и официјално стана најбогат играч во светот.

Мурињо одеше на картата дека Нејмар никогаш нема да биде број 1 додека е во Барселона, затоа што е во сенка на Меси.

За да му докаже колку го сака во тимот, Мурињо е подготвен да му даде плата од 25 милиони евра, со што Нејмар би станал најплатен играч во Европа.

Јунајтед е подготвен да плати 200 милиони колку што изнесува откупната клаузула и така да го постави рекордот кој тешко кој би можел да го сруши.

Кога ќе се собере се, со парите за трансферот и годишната плата, Нејмар би го чинел Јунајтед преку 300 милиони евра.

Да потсетиме, Мурињо минатото лето го сруши рекордот со Погба кој го плати 110 милиони евра.

Што се однесува до Барселона, тие не се грижат, затоа што Нејмар потпиша нов договор, среќен е во тимот.

Меѓутоа, ако започнаа шпекулациите во медиумите, тогаш сигурно ќе има нешто во иднина.