Големо изненадување – Барселона купува во Њукасл!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона во наредната сезона во свои редови би можела да има неколку нови имиња.

Многу фудбалери се споменуваат како потенцијални засилувања на Барселона, а уште еден во низа е Флоријан Товен.

Овој 24-годишен фудбалер моментално го носи дресот на Марсеј, каде што е на позајмица од англискиот клуб.

Барселона наводно сериозно е заинтересирана за неговите услуги, па тој би можел да го направи трансферот на кариерата.

Товен оваа сезона игра одлично во Марсеј. На 35 натпревари постигна 10 голови и 8 асистенции.

Претходно играше уште за Лил и Бастија.