„Лага е дека сме ја уништиле соблекувалната на Јувентус!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По контроверзниот пораз од Јувентус, со резултат 2:1, работите тргнаа лошо за Милан, по што медиумите објавија дека играчите и членовите на стручниот штаб ја уништиле соблекувалната на стадионот на Јувентус.

Меѓутоа, според зборовите на Ромањоли, тоа не е вистина.

„Ништо од тоа што се пишуваше по натпреварот не е вистина. Никој не ја допрел копијата на Скудетото на ѕидот. Само се бањавме и потоа заминавме.“

„По се изгледа дека дошло до забуна што се однесува до завршување на работата, но тоа не е нешто со што треба да се занимаваме.“

„Ние мора да се фокусираме на теренот, ќе се обидеме да избориме квалификации за европските натпреварувања и да победиме во што е можно повеќе натпревари.“