ФИФА ќе му ги исплатува платите на повредениот Колман


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ФИФА ќе ги исплатува платите на Колман, играчот на Евертон и Ирска, кој во средбата против Велс доби тешка повреда.

Ирскиот десен бек ќе биде надвор од терените најмалку 6 месеци, по скршеницата на ногата.

Играчот на Евертон беше успешно опериран во саботата и сега му претстои тежок период до оздравување.

Додека тој оздравува, проектот на ФИФА за заштита на клубовите ќе му ја исплатува платата, која изнесува 50.000 фунти неделно.

Од Евертон се во постојан контакт со докторите, но во Даблин испратија и свои физиотерапевти за да ја следат ситуацијата.

„Тој е успешно опериран во саботата наутро. Свесен е за тоа што се случи и очигледно е многу разочаран.“