„Признавам, во почетокот не се сложував со Зидан“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога легендарниот Зинедин Зидан стана тренер на Реал Мадрид, не го дочекаа сите фудебалери со раширени раце.

Стоперот на кралскиот клуб Рафаел Варан во разговор за Л`Екип призна дека во почетокот не се сложуваше најдобро со Зидан.

„Зидан дојде во пола сезона и некои одлуки мораше да ги донесе многу брзо. За мене тој период не беше лесен, бидејќи морам да признам дека не се сложувавме најдобро.

Зидан сакаше да сфатам што морав да направам за да играм повеќе, беше јасен и ми постави одредени услови. Морав да се потрудам да ја стекнам неговата доверба.

Во меѓувреме доста разговаравме и сега имаме добар однос“, рече Варан, кој додаде:

„Во минатата година имав понуда да го напуштам Реал, но зборував со челниците на клубот и со тренерот. Ги прашав дали ќе добивам повеќе шанса за игра, а одговорот беше потврден. Затоа се одлучив да останам. Имам само 23 години, а овде сум веќе шест години и сосема сум свесен за големината на овој клуб“.

Рафаел Варан во претходните преодни рокови се доведуваше во врска со премин во Манчестер Јунајтед, но порача дека на крајот на сезоната веројатно ќе потпише нов договор со Реал Мадрид.