Многу побогати отколку што мислевте – Роналдо за сезона 87.5 милиони евра, следуваат Меси, Нејмар, Бејл, Лавеци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кој оваа сезона заработи најмногу пари?

Платите се познати, но кој сега ќе ги собира приходите и премиите од спонзорските договори? Ќе сака Франс Фудбал кој откри кој е најплатен фудбалер во светот.

Самиот пласман и не е толку изненадувачки, но бројките ќе ве пореметат.

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо оваа сезона стана побогат за неверојатни 87.5 милиони евра. Зад него е Лионел Меси со 76.5 милиони, па соиграчот од Барселона, Нејмар со 55.5 милиони евра. Далеку зад е Герет Бејл со заработка од 41 милион евра. И на петото место е Езекил Лавеци кој заработи од Хебеј 28.5 милиони евра.

Вкупно соберени за првопласираните е 219.5 милиони евра и тоа никогаш не се случило порано. Најплатените дваесет имаат приходи од астрономски 619.2 милиони евра.

Кога се работи за тренерите, Жозе Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед е неприкосновен со 28 милиони евра, Марчело Липи како селектор на Кина заработува 23.5 милиони евра, Лоран Блан на основа на раскинатиот договор со ПСЖ 20 милиони евра, Карло Анчелоти 15.8 милиони ,а Пеп Гвардиола 14.5 милиони евра.

Франс Фудбал ги објави и најплатените во Лига 1, но во нивниот случај не ги пресмета парите од рекламите, туку само заработката од договорите и премиите. Ситуацијата е следна, Тијаго Силва од ПСЖ е најплатен со 14.4 милиони евра, зад него е Радамел Фалкао од Монако со 13.6 милиони, па следуваат тројца парижани, Анхел Ди Марија со 12.6 милиони, Марко Верати со 11.8 милиони и Едисон Кавани со 10.2 милиони евра.