Познато е поради што Нејмар сака да ја напушти Барселона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Англија утрово објавија сензационална вест дека Нејмар на крајот на оваа сезона ќе потпише за Манчестер Јунајтед.

Црвените ѓаволи се одлучи за во ова лето да доведат неколку звучни засилувања со цел повторно да го вратат овој клуб во самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.

Главна мета на Јунајтед на лето ќе биде Нејмар за кого овој клуб е спремен да плати вистинско богатство.

Манчестер Јунајтед е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува неверојатни 200 милиони евра и тогаш им останува да ги договорат условите за договор со Бразилецот.

Наводно, клубот од Олд Трафорд ќе понуди на Нејмар дупло повеќе примања отколку што сега има во Барселона.

После што оваа вест е објавена во медиумите се појави шпекулација дека Нејмар сака да го напушти Ноу Камп.

Наводно, главна причина е Лионел Меси бидејќи Бразилецот е свесен дека покрај него не може да биде главна ѕвезда на овој клуб.

Нејмар сака да стане најдобар фудбалер на светот, но тешко дека тоа ќе го направи покрај Лионел Меси кој веќе десетина години е прва виолина на Барселона.

Иако се добри пријатели се чини дека Нејмар ќе биде принуден кариерата да ја продолжи во друг клуб.

Сепак, сигурно дека не очекува многу возбудлив преоден рок.