Шампион на Европа на мета на Арсенал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат француските медиуми, Питер Чех наскоро може да добие конкуренција.

Нешто слабите партии на искусниот чешки голман, ја натераа управата на Арсенал да размислува за ангажирање на нов чувар на мрежата.

Тука е и Оспина, но Колумбиецот поради мала “минутажа“ во повеќе наврати изјави дека сака да замине од клубот.

Поради се тоа, управата веќе вредно работи на скаутирање на потенцијални засилувања, а како што пренесува “РМЦ Спорт“ изборот падна на долгогодишниот чувар на мрежата на лисабонски Спортинг Руи Патрисио.

Патрисио е стандарден и на голот на репрезентацијата на Португалија, а своите бравури во повеќе наврати ја спаси Португалија во походот на европскиот трон во минатата година.

Се верува дека управата на Топџиите е спремна да понуди 15 милиони евра за неговите услуги, ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за управата на Лавовите од Лисабон.

Ќе има Арсенал и конкуренција за неговиот потпис, бидејќи интерес искажа и Олимпик Марсеј, кој во ова лето ќе проба да направи екипа која може да конкурира на Монако и ПСЖ во борбата за титулата во Франција.

Руи Патрисио во оваа сезона одигра повеќе од 47 натпревари, вклучувајќи и настапите за репрезентацијата, а со договор со Спортинг е врзан до 2022 година.