Анкета пред утрешниот мега натпревар – Кој ќе владее во децениите пред нас во Европа?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Франција или Шпанија? Или пак Германија?

Португалците титулата на ЕП да ја оправдаат, германците се секогаш германци, но французите или шпанците се тие кои во следната деценија ќе владеат со фудбалот на стариот континент. Така тврдат Марка и Екип, но мораме да признаеме дека тоа е гледање на работите пред утрешниот пријателски натпревар на овие две репрезентации.

Да ја загрееме дебатата со проценката на Арсен Венгер.

„Моментално французите се најдобрите фудбалери во светот. Ако се ставите во кожата на Дешамп ќе сфатите дека ноќна мора е да ги изберете најдобрите 20, па потоа првите 11. Тој проблем го немате во Шпанија. Германија е тука негде, но сепак малку е полоша од она што беше во Бразил. Франција за мене е следната велесила. Имаат врвни фудбалери како Бразил пред 20 години. На секој кош можеш да најдеш фудбалер за репрезентација. Сега ниту Лаказет не можеше во репрезентација. Тоа не беше случај пред 10 години. Тоа е неверојатен потенцијал“, изјави Венгер.

Навистина застрашувачки делува францускиот состав. Антоан Гризман, Пол Погба, НГоло Канте. Сите тие имаат уште барем шест репрезентативни години пред себе. Ќе има млади кои ќе созреваат. А тие млади? Тешко кој може да се пофали со таква талентирана генерација.

Почнувајќи од Рафаел Варан, Лајвин Курзава, Бакајоко, Адриен Рабио, Усман Дембеле, Кингсли Коман, Килијан Мбапе, Ентони Марсијал, Томас Лемар, Ејмерик Лапорт, Самуел Умтити… Скоро сите се приклучени кон сениорската репрезентација на Франција. А со такви фудбалери да се наежиш колку се моќна репрезентација.

Шпанците малку се навредија, па потсетија дека имаат и тие иднина после заминувањето на златната генерација на чело со Серхио Рамос и Андрес Иниеста во заслужена пензија.

Иско, Коке, Дани Карвахал, Ињиго Мартинез, Тиаго Алкантара, Алваро Мората, Жерар Делуфеу, Ектор Белерин, Саул Нигез, Оливер Торес, Марко Асенсио, Ињаки Вилијамс, Мунир Ел Хадади, Хозе Луис Гаја, Хесус Ваљехо…

По титулите во младите селекции Шпанија е пред Франција.

Никој не ги отпишува германците. Посебно кога знаете дека тука се Антонио Рудигер, Емре Џан, Џошуа Кимих, Џонатан Тах, Никлас Шуле, Лерој Сане, Јулијан Брандт, Јулијан Вајгл, Серж Гнабри…

Тука се уште и португалците, можеби белгијците, па италијанците и секогаш незгодните хрвати, преценетите англичани.