Дали ова момче од 50 милиони е нова “десетка“ на Реал Мадрид?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мадриѓаните повторно во акција.

Еден Азар не е единствена мета на Реал Мадрид, поради тоа што денеска исто така е потврдено дека скаутите на „кралскиот клуб“ сериозно го следат 17-годишниот напаѓач на Палмеирас.

Во Европа е помалку познат како Алан Соуза Гимараеш „десетката“ на Палмеирас и младинската репрезентација на Бразил.

ЕСПН потврди дека скаутот на Реал Мадрид Хуан Фигер веќе ги извести челниците на Палмеирас за можен трансфер.

Сепак, Палмеирас истакна дека Аланзињо има договор до 2019 година и дека неговата откупна клаузула е 50 милиони евра.

Реал сигурно не е спремен да издвои толкава сума на пари за 17-годишниот Бразилец, меѓутоа, не е исклучено  дојде до договор, поради тоа што на секој играч е сон да заигра во таков голем клуб.

Алан е висок само 164 сантиметри, но поседува одлична техника, брзина, одлучен шут со лева нога и преглед на играта поради што е еден од најдобрите млади фудбалери во својата татковина.

Палмеирас можеби сега ќе ја подигне цената и сака да извлеќе што повеќе пари, но мадридски АС на својата насловна  ја „залепи“ оваа приказна со напомена дека Реал е многу сериозен со оваа намера.

Погледнете за каков играч се работи: