Мајами Опен – Кирјос го елиминираше Карловиќ, Зверев во 1/8-финале!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос се пласираше во 1/8-финале на Мастерсот во Мајами, откако го победи Карловиќ со 2:1 во сетови, односно 6:4, 6:7 и 7:6.

Првиот сет Кирјос го доби со 6:4, а Хрватот ја искористи шансата во вториот сет и го освои сетот во тај-брејк.

Во послендиот сет имаше голема борба, а подобар на крајот беше Кирјос.

Во наредното коло Кирјос ќе игра против Гофин.

Пласман во 1/8-финале обезбеди и Зверев кој го победи Иснер со 6:7, 7:6 и 7:6, а во наредното коло ќе игра против Вавринка.